Кристијано Роналдо имаше интервју во кое зборуваше за многу теми. Една од најинтересните беше актуелната ситуација со договорот во Ал Наср, но и шпекулациите дека ќе најде нов клуб за да игра на Светското клупско првенство во САД.
Португалецот на таа тема демантираше дека има договор со било кој клуб, иако потврди дека имал понуди за такво нешто.
„Речиси е сигурно дека нема да играм на Светското клупско првенство, иако имав повеќе понуди и повици за такво нешто. Контакти постоеја, меѓутоа не може само да се размислува на краток план, туку мора и на долг рок“, призна Роналдо.
Меѓу другото, португалската ѕвезда зборуваше и за потенцијалното пензионирање, а потоа се осврна на Лионел Меси и новата млада ѕвезда Ламин Јамал.
„Мојот менталитет ми вели да играм ден за ден. Немам уште многу години од кариерата, ама уживам во моментот. Немам донесено одлука за кога ќе се пензионира. Во моментов сум среќен и се надевам дека ќе уживам до крајот на кариерата.
Секако дека јас и Меси имаме почит и добар однос. На сцената сме повеќе од 15 години, а се сеќавам дека на почетоците му преведував од англиски на настани бидејќи беше нов во Европа. Секогаш ме третирал добро и ме почитувал. Што се однесува до Јамал, тој тргна доста добро и одлично го користи талентот. Сепак, пуштете го детето да расте, не ставајте премногу притисок на него“, заврши Роналдо.