Роналдо по поразот во финалето не дочека да добие медал, веднаш побегна во соблекувална (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Кристијано Роналдо повторно остана без трофеј во дресот на Ал Наср, а по новото разочарување и уште еднаш покажа колку не сака да губи.

Португалската суперѕвезда го доживеа четвртиот пораз по ред во финале со саудискиот клуб, овојпат во завршницата на второто по ранг азиско клупско натпреварување. Во Ријад, Ал-Наср беше поразен од јапонскиот состав Гамба Осака со минимални 1-0.

Моментот на одлука се случи во 30. минута кога Дениз Хумет ја затресе мрежата за водство на јапонскиот тим. Во второто полувреме Роналдо и неговите соиграчи силно притискаа во потрага по израмнување, но одбраната на Гамба Осака остана непробојна и трофејот замина во Јапонија.

По последниот свиреж, камерите го уловија видно разочараниот Роналдо како стои на центарот од теренот. Сепак, најголемо внимание привлече неговиот потег непосредно пред церемонијата, додека остатокот од тимот се упати кон доделувањето на медалите, Роналдо замина директно во соблекувалната.

На социјалните мрежи веднаш се појавија реакции дека искусниот Португалец не сакал да присуствува на врачувањето на сребрениот медал во турнир кој се смета за втор по квалитет во Азија.

Со овој пораз, Роналдо и натаму останува со само еден освоен трофеј откако пристигна во Саудиска Арабија, титулата во Арапскиот клупски шампионат од 2023 година, натпреварување кое не е официјално признаено од ФИФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×