Роналдо по елиминацијата испрати порака: „Некогаш сонот треба да почека“

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо остана со празни раце и во втората целосна сезона во дресот на Ал Наср. Саудискиот тим не успеа да стигне до финалето во Лигата на Шампионите на Азија, откако доживеа шокантна елиминација од јапонскиот Кавасаки.

Португалецот беше очигледно разочаран по натпреварот, но сепак не заборави да им се заблагодари на фановите и преку социјалните мрежи порача:

Некогаш сонот треба и да почека. Горд сум на овој тим и на се што дадовме на теренот. Благодарност до навивачите кои веруваат во нас, вашата поддршка ни значи многу“ – напиша Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани