Роналдо дојде до бројка од 17 голови во Серија А и изби на првото место на листата на стрелци, но Јувентус не ги освои трите бода против Парма.
Јувентус на последните два меча прими дури шест голови, по три од Аталанта и Прма, но Роналдо вели дека нема простор за загриженост.
„Тоа е фудбалот. Среќен сум за моите голови но не и за резултатот“, вели Роналдо.
„Не мислам дека има врска со фитнес нивото или екстра тренинг. Едноставно тоа е фудбалот, сите го гледаат Јувентус бидејќи ние сме најдобриот тим и се обидуваат да проичат начини според кои можат да не победат, но ние треба само да останеме смирени“.
„Не сме загрижени, имаме верба во тимот, во нашата техника, во нашиот тренер и стручен штаб. Не треба да бидеме загрижени“.