Роналдо не заборави на Меси: Лео, твојата приказна вечно ќе живее!

by Стефан
1 минути читање

Лионел Меси стави крај на својата репрезентативна кариера со Аргентина, а меѓу бројните пораки што ги доби се најде и онаа од неговиот долгогодишен ривал Кристијано Роналдо.

Португалецот остави коментар под објавата на Меси и му оддаде признание за сето она што го постигна во дресот на аргентинската репрезентација. Двајцата во изминатите години водеа големи битки за најголемите индивидуални признанија во светскиот фудбал.

„Лео, толку многу години ја бранеше својата земја. Твојата приказна ќе живее засекогаш. Ја имаш мојата почит за сè што постигна со Аргентина“, напиша Роналдо.

Меси репрезентативната кариера ја заврши со импресивен биланс од 208 настапи и 126 голови за „гаучосите“, оставајќи длабока трага во историјата на аргентинскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×