Роналдо за два месеци ќе
наполни 33 години, тој не крие дека размислува што ќе прави со својот живот по
ставањето крај на професионалното играње со фудбал, тој веќе има хотели, добро
му оди тој бизнис, но открива дека размислува и за правење филмови.
Меѓудругото, првата
ѕвезда на Реал Мадрид и најдобар фудбалер на светот откри и детали од минатото,
за кое истакна дека Јувентус бил еден од клубовите кои стоеле во редот за него.
„Многу клубови беа
заинтересирани за мене, меѓу кои и Јувентус, клучниот човек на сите операции
беше мојот агент Жорге Мендеш, тој ми даваше вистински насоки, се сеќавам дека
имаше разговори со Јувентус, бев навистина среќен поради тоа бидејќи клубот има
долга и успешна историја зад себе“ издвои Роналдо.
„Сепак, имаше разговори
и со Реал Мадрид, како и Манчестер јунајтед, и многу други клубови. Клубот кој
тогаш ми ги даде најубавите услови беше Манчестер јунајтед, уште од мали нозе
сакав да играм во Премиерлигата, неа ја сакав многу повеќе од Серија А.
Манчестер јунајтед ми укажа историска прилика за докажување, најмногу
благодарение на Алекс Фергусон, а човекот што ме однесе таму секако беше Мендеш“
додаде Португалецот.