128
Кристијано Роналдо потпиша нов двегодишен договор со Ал Наср, а Португалецот има привилегија и да влијае на креирањето на тимот.
Стефано Пиоли неодамна доби отказ, па Ал Наср е во потрага по нов тренер.
Наводно, Роналдо сакал Жорге Жесус да биде нов тренер. Португалецот веќе се сложил да го предводи тимот.
Во моментов се водат преговори меѓу Ал Наср и Жесус.
За Жесус ова ќе биде трето враќање во Саудиска Арабија откако претходно во два наврати беше тренер на Ал Хилал.
Со Ал Хилал стана и шампион во 2024 година.