Роналдо и соиграчите како Роки Балбоа, трчале по скалите на Сантијаго Бернабеу

by
1 минути читање

Денешното издание
на Марка открива дека на последниот тренинг од минатата година, Зинедин Зидан
ги изненадил играчите кога им наредил да ги заменат копачките со обични патики.

Французинот,
заедно со фитнес тренерот Антонио Пинтус подготвиле активност која било
комплетно нова за целиот тим, па дури и оние најискусните, ѕвездите на Реал
Мадрид трчале нагоре-надоле по скалите на Сантијаго Бернабеу.

Наредбите биле
јасни, морало да се трча скала по скала и не требало да се прескокне ниту една. Играчите трчале
од првите редови покрај теренот се до последните од првиот прстен на Сантијаго
Бернабеу.

Вежбата била налик на онаа од култниот филм на Силвестер Сталоне за Роки
Балбоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани