Роналдињо е пуштен на слобода по шест месеци

by
1 минути читање

Роналдињо и неговиот брат еден месец поминаа зад решетки, па потоа беа префрлени во домашен притвор кој го издржуваа во луксузен хотел во главниот град на Парагвај, Асунсион.

На почетокот на месец март, Роналдињо и неговиот брат Роберто де Асис Мореира кој е и негов бизнис менаџер, беа фатени како влегуваат во Парагвај со фалсификувани патни исправи.

Обвинителите не мислеа дека фудбалерот знаел дека има фалсификуван пасош, но веруваа дека неговиот брат знаел дека патните исправи се лажни. Сепак и двајцата се ослободени од обвиненијата.

„Мерката на претпазливост за апсење е укината, веќе нема ограничувања поставени од паргвајската влада“, рече судијата Густаво Амарила пред судот.

И двајцата треба да платат само по 200.000 долари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани