Фудбалерите на Рома се радуваа на победа во дуелот со Комо од 2-1, по пресврт во 27. коло на Серија А.
Избраниците на Клаудио Раниери успеаја да го свртат резултатот, а имаа и помош од ривалот кој доби црвен картон. Комо успеа да поведе со голот на Да Куња во 44. минута од првиот дел.
Во продолжението Салемакерс само што влезе во игра, по само две минути донесе израмнување во 61. минута. Кемпф доби црвен картон, а тоа го казни Артем Довбик со гол за пресвт (2-1). Рома врза четири победи во низа и дури 11 меча нема пораз во калчото.