Заниоло сакаше трансфер во јануари и одби да игра на последните мечеви за Рома. Милан беше еден од кандидатите, но раководството на росонерите не ги одвои потребните пари за да го ангажира.
Најголемата понуда за Заниоло пристигна од Борнмут, но фудбалерот ги одби, не сакаше да се пресели во тој клуб, смета дека заслужува нешто многу поголемо.
Рома ја прифати понудата на Борнмут, но трансферот нема да се реализира затоа што фудбалерот не сака.
Поради тоа, Рома е подготвена за дисциплински мерки кон Заниоло, според италијанските медиуми, тој ќе биде исклучен од составот до крајот на сезоната.
Заниоло има договор со Рома до 30 јуни 2024 година, следниот преоден рок ќе има нова шанса да замине од клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.