„Волчицата“ остана со празни раце во намерата да го ангажира Крисенсио Самервил откако Ал Хилал на маса стави 80 милиони евра, и на Холанѓанецот му понуди плата и до 15 милиони евра по сезона.
Рома го идентификуваше Крисенсио Самервил од Вест Хем како засилување за офанзивата, и денеска успеа да постигне договор со Вест Хем за зделка вредна нешто помалку од 50 милиони евра.
Но „волчицата“ остана со празни раце откако на сцена стапи Ал Хилал, клубот од Саудиска Арабија на маса ставил фантастични 80 милиони евра.
На Крисенсио Самервил му бил понуден договор со плата и до 15 милиони евра по сезона, тројно повеќе од предлогот на Рома (околу 4 милиони евра по сезона).
Клубот од Рим се обидел да игра на картата настап во Лигата на шампиони, но парите се покажале како преголемо искушение за Холанѓанецот, кој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.