Рома ја прифати понудата на Борнмут за Заниоло, Милан полека крева раце

by
1 минути читање

Голем број на извори денеска пренесоа дека Борнмут доставил понуда за услугите на Николо Заниоло, а последните информации велат дека Рома го прифатила предлогот.

Според Кориере дело Спорт, се работи за понуда од 30 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси, плус 10% од следната продажба.

Тутомеркатовеб пак пишува за предлог од 28 милиони евра, плус 7 милиони евра во бонуси, плус 10% од следната продажба.

Сега играчот треба да одлучи дали ќе се пресели на „островото“, но се чини дека нема многу избор бидејќи Милан полека крева раце.

Новите сопственици на Милан одбиваат да му обезбедат дополнителни средства на Паоло Малдини, па директорот не може да достави конкурентна понуда.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×