Рома прими дури седум голови во Фиренца, победа на Фиорентина која може да предизвика и тренерска смена кај клубот од Рим.
Дека не и се пишува добро на Рома најави Киеза со голови во седмата и 18. минута, домаќините поведоа со 2-0, но десет минути подоцна Коларов постигна гол за 2-1.
До крајот на полувремето Фиорентина сепак дојде до предност од два разлика, Муриел даде гол за 3-1.
Во 66. минута Бенази погоди за 4-1, во тој момент веќе се знаеше кој ќе биде победникот, но мрежата на Рома уште се полнеше.
Работата на Фиорентина дополнително ја олесни Џеко кој доби црвен картон во 72. минута поради неспортско однесување.
Две минути подоцна Киеза да де нов гол за негов хет-трик, а волчицата ја докрајќи Симеоне со голови во 79. и 89. минута поставувајќи ги конечните 7-1.
Фиорентина со оваа победа се пласира во полуфиналето од Купот на Италија каде ќе игра со подобриот од вечерашниот меч меѓу Јувентус и Аталанта.