Селтик вчера загуби од Килмарнок во домашното првенство, а во Лигата на шампионите од пет натпревари освоија само еден бод и како последни ќе го завршат натпреварувањето.
Раководството на клубот разгледува можност за нови засилувања, а едно од имињата со кои се поврзуваат е Бојан Миовски.
Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс беше запрашан дали клубот во јануари ќе го ангажира Миовски. Тој очекувано даде дипломатски одговор, но не ја отфрли шансата за реализација на овој трансфер.
„Ова е период кога агентите исфрлуваат имиња и врски, па ако кажев нешто, пред нас ќе беа долги шест недели“, вели Роџерс.
„Но сигурно имаме имиња кои сакаме да ги донесеме. Како тренер, секогаш сакаме да ги реализираме трансферите што е можно побрзо, но имаме зимска пауза, нема да играме до средината на јануари“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.