290
Ристовски по мечот го потенцираше единството кое владее во македонската селекција.
„Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец, црн или бел, тука има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до овој успех“, вели Ристовски.
„Чувството е прекрасно, полн сум со емоции и горд сум за овој успех. Притисок имаше, Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за пласман на големи натпреварувања. Денес Македонија уште еднаш му ги отвори очите на фудбалскиот свет. Квалитетот излезе на површани, имаме одлични играчи кои се носители во своите екипи и мило ми е што го израдувавме овој народ“.