Ристовски: Тешко е да се игра на ваков терен, среќен сум што никој не се повреди

by
1 минути читање

Теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ веќе одамна е во лоша состојба, многу далеку од она што треба да биде. Тоа го потенцира и капитенот Стефан Ристовски.

„Да бидам искрен, некој замор и несигурност е последица на ова што се одразува кај некои играчи кои порано имаа стандардна минутажа. Но, не сакам да барам алиби, ама овој терен е доста тежок за играње. Калта се лепи, не ти дозволува да градиш игра и за жал кај нас работите наместо напред одат наназад. Константно се враќаме на едно исто и ако ме прашате најсреќен од овој меч сум што нема никој повреден! Тешко е да градиш напредок на ваков терен“, рече Ристовски.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×