Со гостувањето
кај Лихтенштајн во петок, Македонија ја стартува новата интернационална пауза
во рамките на мундијалските квалификации, а во моментов избраниците на Благоја
Милевски се четврти на табелата во конкуренцијата „Ј“ со девет освоени бода,
шест помалку од лидерот Германија.
23 годишниот
македонски репрезентативец Милан Ристовски смета дека мечот со Лихтенштајн има
голема тежина, а евентуална победа би значела многу за атмосферата во тимот
пред дуелот со Германија.
„Сигурно дека овој
натпревар ќе биде најзначаен, доколку победиме ќе влеземе со одлична атмосфера
во мечот со Германија, сметам дека нема потежок или полесен натпревар“ изјави
Ристовски.
„Секој
натпревар е само по себе тежок. Мислам дека треба да го дадеме својот максимум
за да оствариме добар резултат. Кога играте за репрезентација и ја
претставувате државата притисокот секако постои, но секој фудбалер се носи со
тоа и треба да го има. Лихтенштајн е еден од најважните натпревари и се
подготвуваме за тоа“ заклучи
напаѓачот на словачка Спартак Трнава.
По пресметката со
Лихтенштајн, Македонија на домашен терен ја пречекува Германија на 11 октомври.