Ристовски пролетва беше извонреден со четири гола и две асистенции, статистика која во кариерата ја немал, сооглед дека е десен бек, а сега посебно се гордее на стоте меча за Динамо, особено што пред неполн месец веќе потпиша нов договор со хрватскиот првак до 2025 година со опција за продолжување.
„Ако гледаме статистички, јас во цела кариера не сум имал ваква статистика како пролетва. Ама, мене секогаш ми е најважен е колективот, тоа постојано го истакнував сезонава, колективот исфрла индивидуалци. Горд сум на овој тим, но горд сум и на мојот 100 меч. Ова е мој прв клуб за кој сум одиграл толку мечеви и пресреќен сум. Сакам да дојдам до двојно од ова досега“, рече Ристовски.
Капитенот на Македонија е дете на Вардар, кој потоа играше за Парма, Фросиноне, Бари, Латина, па за Риека, Спортинг Лисабон, а е еден од омилените фудбалери на загрешските Бед Блу Бојс.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.