Ристовски самокритичен: Против Молдавија можевме повеќе, сега мораме подобро со Црна Гора

by
1 минути читање

„Црвено-жолтите“
уште еднаш не успеаја да ја победат Молдавија, и синоќешната пресметка заврши
нерешено. Избраниците на Милевски поведоа со 1-0 со голот на Миовски во
последните мигови од првиот дел, имаа и шанси за дуплирање на предноста, но
откако не го сторија тоа, противникот во финишот со атрактивен погодок се
избори за 1-1.

„Одигравме добар
натпревар, имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал во финишот
ни се случи едно невнимание, примивме гол и останавме без победа“
– вели Милан
Ристовски.

„Против Црна Гора
не чека тежок натпревар, се среќаваме со квалитетна репрезентација и за да
бидеме конкурентни, ќе треба да одиграме на едно повисоко ниво. Секогаш сум
самокритичен, сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде
и против Молдавија, да постигневме уште некој гол и да стигневме до
посакуваната победа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани