Ристовски отпадна поради повреда, Бејтулаи е повикан на негово место

by
1 минути читање

Пред Македонија се последните два меча од Лигата на нации, против Грузија во Тбилиси на 23. септември и против Бугарија во Скопје на 26. септември.

Познато беше дека поради повреда Чурлинов нема да игра на овие мечи, а новата вест е дека од иста причина ниту Ристовски и Етеми нема да можат да играат.

Капитенот Стефан Ристовски има повреда на тетивата, а Етеми повреда на бутниот мускул.

Дополнителен повик доби Езгон Бејтулаи кој треба да биде замена за Стефан Ристовски во дефанзивата.

Македонската репрезентација денеска во 17:30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг од подготовките. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×