Ристовски: Грузија ќе дојде полна со самодоверба, ние треба да го покажеме нашиот квалитет

by
1 минути читање

Македонија и Грузија се директни ривали за првата позиција во групата, па натпреварот во четврток може да даде одговор на многу прашања.

„Го покажавме нашиот квалитет во првите два меча, но сметам дека можеме многу повеќе и се надевам дека тоа ќе го покажеме веќе на следниот натпревар со Грузија“, вели Милан Ристовски.

„Двете победи на Грузија се од големо значење за нивната самодоверба. Сигурно дека ќе биде тежок натпревар, ќе дојдат мотивирани против нас, се борат за тоа прво место. Но ние мора да веруваме во нас, во замислата на селекторот, во сиот наш квалитет, да покажеме желба и борба и да дадеме се од себе на натпреварот“.

„Ние гледаме од натпревар за натпревар, направивме веќе една кратка анализа на Грузија, знаеме што не чека, знаеме кои се нивните посилни страни, но повеќе се фокусираме на нашата игра и се надевам дека ќе бидеме успешни во четврток“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×