„Кралевите“ се покажаа како лоши губитници на синоќешниот натпревар против Барселона во Копа дел Реј, Антонио Ридигер полуде и го гаѓаше судијата со мраз, дефанзивецот едвај го додржаа да не направи посериозен инцидент.
Барселона на продолженија го победи Реал Мадрид со 3-2 во финалето на Копа дел Реј во натпревар на кој атмосферата беше наелектризирана уште пред да почне и хаосот кој настана со барањето да бидат промените судиите.
Целата ситуација кулминираше во 122. минута, кога „кралевите“ очајно се обидуваа да изедначат на 3-3, а судијата Де Бургос свирна прекршок во корист на Барселона и со тоа стави крај на сите надежи.
Ова не им се допадна на фудбалерите на Реал Мадрид, па целата клупа скокна да се буни, Васкез и Винисус Жуниор влегоа на теренот, а Антонио Ридигер полуде и го гаѓаше судијата со мраз.
This is sick and disgusting. A team full of entitled babies. And Rudiger is an animal. Should get a lengthy ban from football, imo.pic.twitter.com/3WfEdCYcMO https://t.co/QMcJ2ERyLd
— 🇳🇴 kimmoFC (@kimmoFC) April 26, 2025
Дефанзивецот доби црвен картон, но не се смири, тргна повторно да го гаѓа со мраз но беше задржан од едно лице од тренерскиот персонал а потоа мораше да биде обиколен од пет-шест лица за да не направи посериозен инцидент.
Медиумите веќе најавуваат драконска казна за Германецот која може да биде и до 12 натпревари суспензија.
Покрај Антонио Ридигер, во хаотичната завршница црвен картон добија и Лукас Васкез и Џуд Белингем, но за нив се очекува поблага казна и 2-3 натпревари суспензија.