601
Екипата на Аталанта полека го губи чекорот со водечките Напол и Интер, а денеска тимот од Бергамо одигра 1:1 против Торино.
Аталанта беше подобар противник и ја контролираше играта, заслужено и поведе преку Џимишти во првиот дел. Сепак, радоста не траеше долго бидејќи Марипан стрелаше за израмнување во 40. минута.
Повеќе напаѓаше Аталанта и во второто полувреме, но резултатот не се промени. Најголемата прилика да донесе победа за својот тим ја имаше Ретегуи кои не реализираше пенал.
На табелата Аталанта со овој бод дојде до 47, Интер има три повеќе, но и два натпревари помалку, додека Наполи со натпревар помалку е на 53.