2,2K
Аталанта со убедливи 0-5 славеше на гостувањето кај Верона, Матео Ретеги дури четири пати ја тресеше мрежата на домаќините.
Аталанта се доближи на -1 до Интер, избраниците на Гасперини вечерва победија со 0-5 на „Бентегоди“.
Гол шоуто почна во 21. минута, Ретеги погоди за 0-1, за во 25. минута напаѓачот веќе да реализира за 0-2.
Едерсон зголеми на 0-3, а пред крајот на првиот дел Ретеги стигна до хет-трик и донесе 0-4.
По десетина минути игра во второто полувреме, Ретеги го постигна и својот четврти погодок за убедливи 0-5.