26-годишниот фудбалер игра на позицијата централен дефанзивец, тој доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Вајперс. Тој со својот клуб бил и постојан учесник во Купот на африканските шампиони.
Брегалница претходно се засили и со левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.