110
Рајо Ваљекано одлично го почна натпреварот со голови на Комесана и Ембарба за 28 минути водеше со 2-0, се мирисаше на победа.
Но најпрво Морено пред крајот на првиот дел намали на 2-1, а Вилијам Хозе на десет минути пред крајот погоди за 2-2.
Столе Димитриевски стандардно бранеше и на овој натпревар.
За разлика од Димитриевски, Енис Барди се радуваше на победа откако Леванте го победи Ваљадолид со 2-0.
Головите ги постигнаа Коке и Роџер. Барди беше стартер и играше до 76. минута кога беше изваден од игра.