Рекорден трансфер за Порто, пари ќе има и за Барса: Гвардиола добива ново засилување

by bojan
1 минути читање
Нико Гонзалез

Манчестер Сити и Порто си подале рака за трансфер на Нико Гонзалез во зделка вредна околу 60 милиони евра, околу 40% од оваа сума ќе и припадне на Барселона.

Пеп Гвардиола добива ново засилување, на Етихад ќе пристигне Нико Гонзалез.

По долги преговори, Манчестер Сити се сложи да плати 60 милиони евра, колку што изнесува и откупната клаузула на играчот. Сепак, клаузулата нема да биде активирана, двата клуба си подале рака оваа сума да биде платена на неколку рати.

Со 60 милиони евра, ова е рекордна продажба за Порто, но клубот од „Драгао“ нема да ја добие целата сума.

Барселона „ќе лапне“ дел од колачот, односно околу 40% или 24 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани