Ребров: Во вториот дел најдовме начин како да ја победиме Македонија

by
1 минути читање

Македонија водеше со 2-0 против Украина, но на крајот не успеа да освои ниту бод, загубивме со 3-2.

„Ова беше многу важен натпревар, немавме време многу да се подготвиме. Благодарни сме на нашите фудбалери. Играта се промени во вториот дел и видовте како заврши“, рече селекторот Ребров на прес-конференцијата по мечот.

„Не спиевме во првите 50 минути. Македонија е многу квалитетна селекција и имаат сериозни и искусни играчи. По првото полувреме ја променивме играта и најдовме начин како да го свртиме мечот“.

„Не сметам дека промената во играта беше во 55. минута, туку во 45. минута. Но откако го дадовме голот добивме самодоверба дека можеме да го свртиме мечот“.

„Фудбалерите ги советував да го промениме темпото на играта. Македонија во првото полувреме играше во многу добро темпо и ние моравме да го промениме тоа. Им кажав и други работи, но најважно беше да го промениме темпото на игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани