Реал внимателно ја следи ситуацијата на Ериксен, Покетино признава: Може да замине!

by
1 минути читање

Данецот е обврзан кон „Спарси“ до 2020 и на маса има понуда за продолжување на верноста. Се говори дека Тотнем на Кристијан Ериксен му нуди двојно повеќе од сегашните 75.000 фунти, односно неделна плата од 150.000 фунти.

Но фудбалерот од средниот ред се уште нема одговорено, преговорите тапкаат во место и ситуацијата внимателно ја следи Реал Мадрид.

Па на оваа тема денеска беше запрашан Маурисио Покетино, кој признава дека Кристијан Ериксен би можел да замине.

„Обично се вели дека тоа што нема нови информации е добро, но во овој случај мислам дека не е така. Фудбалот е динамичен, различни страни имаат интерес, и многу фактори се во игра. Секако, Ериксен е од голема важност за нас и секако дека би сакале да имаме играч од ваков калибар во нашиот тим. Ќе биде фантастично доколку тој остане верен, но има право да ја избере и другата опција и да замине“ – вели тренерот на Тотнем.

Реал Мадрид во 26 годишниот Данец гледа замена за Лука Модриќ, кој има 33 години и исто така пристигна од Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани