Реал Мадрид постигна четири гола на гостувањето кај Еспањол, а натпреварот го заврши со десет фудбалери откако Варан беше исклучен во 72. минута.
Бензема уште во четвртата минута го најави триумфот на Реал Мадрид, а Рамос погоди со глава во 15. минута за водство на Реал Мадрид од 2-0.
Десет минути подоцна Баптистао го врати Еспањол во игра намалувајќи на 2-1, а пред самиот крај на првото полувреме Бензема постигна нов гол за 3-1.
Во 67. минута Герет Бејл постигна прекрасен гол за зголемување на 4-1 и ги реши дилемите околу победникот на овој меч. До крајот Росалес на десет минути пред крајот само ги постави конечните 2-4.
По 21 одиграно коло Реал Мадрид е на третата позиција со 39 бодови, пет помалу од Атлетико Мадрид и десет од лидерот Барселона.