Реал скова план како да го доведе човекот кој командуваше со одбраната на Арсенал во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Среде двата натпревари меѓу Реал Мадрид и Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите пак започнаа шпекулациите поврзани со Вилиам Салиба.

„Кралевите“ подолго време се заинтересирани за францускиот стопер, а по првиот натпревар на кој Салиба командуваше со одбраната на „топчиите“ пак тргнаа шпекулациите. Се верува дека Реал сковал план како да стигне до овој фудбалер.

Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, па тимот нема лесно да се откаже од него. Доколку Реал го сака уште ова лето мора сериозно да плати за да ги убеди Англичаните, но тоа е тешко веројатно.

Според информациите од Шпанија европскиот првак е подготвен да почека до следното лето, останувајќи близок со играчот и неговиот камп. Реал сака да го доведе Салиба следното лето по цена на попуст ако не потпише договор или едноставно да почека да му истече договорот со Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани