Еден од најголемите таленти на аргентинскиот фудбал, Франко Мастантуоно, би можел наместо во Париз, да заврши во Мадрид.
Иако Пари Сен Жермен се сметаше за главен фаворит за неговиот потпис, Реал Мадрид го засили интересот и тргна во офанзива која на крајот може да се покаже како клучна.
Делегација на мадридскиот гигант денес слета во Буенос Ајрес со цел лично да го убеди 17-годишниот фудбалер на Ривер Плата да ја избере шпанската престолнина. Мисијата ја предводи директорот Хуни Калафат, човекот зад трансферите на Винисиус Жуниор и Родриго, а целата операција ја испланирал Сантјаго Солари кој е убеден дека Мастанутуоно може да биде новата ѕвезда на светскиот фудбал.
Реал Мадрид е подготвен да ја активира откупната клаузула во висина од 45 милиони евра, а според извори блиски до преговорите, Мастантуоно веќе имал позитивен одогвор.
Сепак, планот е фудбалерот да остане во Ривер најмалку до следната година, каде што ќе продолжи да се развива под водство на Марсело Гаљардо.