79
Тибо Куртоа беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, а веднаш по неговото завршување Реал Мадрид прави сериозен обид да го донесе во своите редови.
Договорот на Куртоа со Челси истекува за една година, тој веќе му кажал на раководството дека не сака да продолжи, па тие ќе мора да го продадат ова лето доколку сакаат да заработат од неговото заминување.
„Дејли стар“ пишува дека трансферот е веќе договорен и тој ќе изнесува 35 милиони евра.
Челси е во потрага по негова замена, а како можни наследници на Куртоа на Стемфорд Бриџ се споменуваат Каспер Шмајхел и можно враќање на Петр Чех.