Реал Мадрид крои
планови за тоа како да дојде до доста посакуваниот Кристијан Ериксен од
Тотенхем, а се шпекулира дека Кралевите имаат една интересна идеја која сигурно
Премиерлигашот сериозно ќе ја разгледа.
Се вели дека
шпанскиот гигант во понудата за Ериксен ќе го вклучи и Хамес Родригез, кој до
лето треба да настапува како позајмен во Баерн Минхен, клуб кој од поодамна се
најавува дека нема намера да го откупи неговиот договор, за што има таква
опција.
Баерн Минхен на
крајот од сезоната има опција вредна 42 милиони евра за да го откупи договорот
на 27 годишниот Колумбиец, а извесно е дека на Реал Мадрид му се добро познати
плановите на Бундеслигашот.
АС пишува дека
Родригез би можел да биде опција која Реал Мадрид би можел да ја искористи за
да ја израмни бараната сума од страна на Тотенхем за својот плејмејкер.