Реал Мадрид ќе го продаде Роналдо во Јувентус, но ќе донесе уште поскапо засилување од Серија А!

by
1 минути читање

Според „Кориере дело Спорт“, агентот на Сергеј Милинковиќ Савиќ, Матеја Кежман вечерал со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито и директорот Игли Таре и им соопштил дека за нивниот фудбалер Реал Мадрид нуди 155 милиони евра.

Италијанскиот весник пишува дека трансферот на Милинковиќ Савиќ е многу блиску до реализација. Тој би се комплетирал брзо по зделката на Реал Мадрид со Јувентус за Кристијано Роналдо.

Најпрво се шпекулираше дека Реал Мадрид прифаќа 100 милиони евра за Роналдо, но потоа стигнаа информациите дека кралскиот клуб се обидува да изнуди поголемо обештетување.

Како и да е, Реал Мадрид ќе треба да одвои поголема сума за Милинковиќ Савиќ отколку што ќе добие од Јувентус за Кристијано Роналдо.

Сергеј Милинковиќ Савиќ важи за еден од најперспективните фудбалери од средниот ред, има само 23 години и пред него е светла кариера, токму затоа Лацио не сака ниту да слушне за понуда помала од 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани