Реал Мадрид ја смени одлуката за еден од најискусните дефанзивци!

by 24 фудбал
1 минути читање

Антонио Ридигер ќе остане во Реал Мадрид и во наредните сезони, откако постигнал усен договор со клубот за продолжување на соработката до летото 2027 година. Иако германскиот дефанзивец имаше проблеми со повреди во текот на сезоната и се шпекулираше дека би можел да замине од „кралскиот клуб“, сепак дојде до пресврт и двете страни решија да ја продолжат соработката.

Задржувањето на Ридигер било еден од приоритетите за новиот тренер Жозе Мурињо, особено поради заминувањето на Давид Алаба и ситуацијата со Едер Милитао, кој сè уште се опоравува од повредата.

Ридигер пристигна во Мадрид во 2022 година како слободен фудбалер од Челси и брзо се наметна како едно од најдобрите дефанзивни засилувања на клубот во последните години. Во дресот на Реал веќе ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига, а во наредниот период се очекува да има важна улога како лидер на одбраната во новата ера на тимот.

Според најавите од Шпанија, Реал Мадрид во летниот преоден рок сигурно ќе донесе уште еден стопер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×