Реал Мадрид испрати жалба за натпреварот против Еспањол: Ова повеќе не може да се игнорира!

by Стефан
1 минути читање

Од редовите денеска официјално потврдија дека испратиле жалба до Фудбалската федерација на Шпанија за натпреварот против Еспањол.

Реал Мадрид викендов во рамките од 22. коло беше поразен со 1:0 од Еспањол и тоа со гол во финишот, а по овој дуел „кралевите“ имаа големи забелешки на арбитражата.

„Настанатите што се случија во овој натпревар ја надминаа секоја граница на човечка грешка или толкување. Одлуките против Реал Мадрид достигнаа ниво на манипулација и ова е нешто кое повеќе не може да се игнорира“, стои во објавата на „кралевите“.

И покрај жалбите за судењето, Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 49 бода, 48 има Атлетико на втората позиција и 45 на третата Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани