Реал Мадрид блику до ангажман и на второто засилување!

by Стефан
1 минути читање

Според информациите на шпанските медиуми младиот лев бек на Бенфика, Алваро Карерас, е пред можен камбек во Реал Мадрид каде што беше и во младинските категории.

Иако во минатото не доби вистинска шанса на „Сантијаго Бернабеу“, 22-годишниот Шпанец сега е повторно на радарот на „кралевите“, а како што пренесуваат медиумите, самиот Карерас има силна желба да се врати и не поставил дополнителни барања за условите што му биле понудени од Мадрид.

Клучниот чекор останува договорот меѓу двата клуба. Преговорите веќе се во тек и, според истите извори, се движеле во позитивна насока. Сепак, во моментов се ставени во мирување поради обврските на Бенфика во финалето на Купот на Португалија, каде денес ќе се соочи со Спортинг.

Ова финале претставува последна можност за трофеј оваа сезона за португалскиот гигант, откако ја загуби битката за титулата во домашниот шампионат. По завршувањето на натпреварот се очекува разговорите да продолжат со поголема динамика.

Ќе потсетиме, претходно Реал Мадрид го потврди и ангажманот на Дин Хујсен кој пристигнува од Бормут.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани