72
По двата киксна во Ла Лига на стартот од новата година, Реал Мадрид им се врати на победите. Вечерва избраниците на Солари со 3-0 го совладаа Леганес во првиот меч од осминафиналето во Копа дел Реј.
Резултатот беше отворен кон финишот на првиот дел, Рамос од пенал погодои за 1-0. Лукас Вазкез зголеми на 2-0 откако гостите загубија топка на својата половина, а конечниот резултат беше дело на младиот Винисиус кој одлично закачи еден волеј во 77. минута.
Мечот против Леганес сепак нема да биде запаметен по добро кога е во прашње посетеноста. Откако си замина Кристијано Роналдо, бројките драстично паднаа, а вечерва на трибините имаше нешто на 44.000 фанови, што е ново дно и најмала посетеност оваа сезона.