Младиот Шпанец,
кој потекнува од школата на Барселона, популарната Ла Масиа, го привлече
вниманието на голем број клубови со одличните партии во дресот на Динамо
Загреб.
Се говори дека
„каталонците“ подолго време го следат 20 годишниот Дани Олмо и се подготвени да
одвојат 25 милиони евра за да го вратат во своите редови.
Но Реал Мадрид им
ги мати плановите, медиумите шпекулираат дека „кралевите“ на адреса на Динамо
Загреб доставиле понуда од 26 милиони евра, односно еден милион повеќе од
нивниот лут ривал.
Па шампионот на
Хрватска сега трие раце, зошто може да го направи најголемиот трансфер во
својата историја. Овој рекорд во моментов го држи Марко Пјаца, кој во 2016 беше
продаден на Јувентус за 23 милиони евра.
Дани Олмо, кој
може да настапува на сите три офанзивни позиции во средниот ред, беше избран за
најдобар фудбалер во првенството на Хрватска во 2018, а заврши како 11-ти во
изборот на Тутоспорт за „Златно момче“ на годината.