176
Реал Мадрид успеа да ја добие битката по талентираниот Франко Мастантуоно кој од Ривер Плата ќе се пресели во кралскиот клуб по завршувањето на Светското клупско првенство.
Откупната клаузула за фудбалерот изнесуваше 45 милиони евра, но „Марка“ тврди дека Реал Мадрид ќе плати четири милиони помалку, односно цената за нив ќе изнесува 41 милион евра.
Причината за попуст е тоа што се сложиле да го пуштат Мастантуоно да игра за Ривер Плата на Светското клупско првенство.
Аргентинецот важи за еден од најголемите таленти во моментов, за него интерес имаше и од ПСЖ кој му нудеше и повеќе пари, но пресуди желбата да се облече белиот дрес на Реал Мадрид.