98
„Гаучосите“ се на
прагот на елиминација од мундијалот во Русија откако вечерва загубија со убедливи 3-0 во дуелот со
Хрватска. Резултатот беше отворен се до 80. минута, кога Лука Модриќ со еден
брилијантен потег ги сруши сите надежи на Аргентинците.
Фудбалерот на
Реал Мадрид од преку 20 метри испрати милиметарски прецизен шут покрај
стативата за водство од 2-0 и решавање на дилемите околу победникот.
Аргентинците веќе
тука знаеа дека се е готово, а за тоа доволно говори и реакцијата на селекторот
Хорхе Сампаоли и погледот на Лео Меси.