Реакцијата на Дани Алвеш откако дознал дека останува во затвор

by
1 минути читање

Судот во
вторникот го одби барањето на Дани Алвеш да се брани на слобода, судиите кои ја
разгледуваа жалбата сметаа дека Бразилецот е доволно економски моќен да ја
напушти Шпанија во секое време и дека фудбалерот е висок ризик за бегство
поради сериозната затворска казна која му се заканува.

Па Дани Алвеш
останува зад решетки се до почетокот на судењето, во моментов нема никакви најави кога тоа би можело да почне и се верува дека поранениот играч на Барса може да
остане во притвор година дена.

Медиумите од
Шпанија сега откриваат како Бразилецот реагирал на вестите, десниот бек откако
дознал дека останува зад решетки, целото утро во тишина седел во својата
келија.

Во меѓувреме, одбраната
на Дани Алвеш веќе работи на нова стратегија со цел да докаже дека фудбалерот е
невин и ќе се насочат на тоа дека сексуалниот однос бил со согласност.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани