171
На синоќешната ждрепка во Нион, Македонија беше извлечена во Групата 4 од Дивизија Ц во Лигата на нации, противници ни се Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Четири од шестте кола во групната фаза ќе ги одиграме во јуни, а два меча имаме во септември. Првиот и последниот ги играме против Бугарија.
Распоредот на Македонија за Лигата на нации:
2 јуни 2022 Бугарија – Македонија 20:45
5 јуни 2022 Гибралтар – Македонија 18:00
9 јуни 2022 Македонија – Грузија 20:45
12 јуни 2022 Македонија – Гибралтар 18:00
23 септември 2022 Грузија – Македонија 18:00
26 септември 2022 Македонија – Бугарија 20:45