Рашфорд уште сега размислува за заминување од Астон Вила

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Маркус Рашфорд не планира да остане долгорочно во Астон Вила, напаѓачот уште сега се подготвува за трансфер во странство.

Во последните денови од зимскиот преоден рок, Маркус Рашфорд направи изненадувачки трансфер и се пресели на позајмица во Астон Вила.

Се говори дека клубот од Вила Парк има опција во целост да го купи напаѓачот за 40 милиони фунти, но самиот Маркус Рашфорд не е заинтересиран за една ваква зделка.

Како што пренесува Токспорт, Англичанецот не ја гледа својата долгорочна иднина во Астон Вила, и уште сега се подготвува за трансфер во странство.

Марус Рашфорд ќе се обиде со добри партии во Астон Вила да покаже дека има што да понуди, и да успее да се продаде во екипа како Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани