Маркус Рашфорд е подготвен да се откаже од милиони за да го облече дресот на Барселона, но веројатно и тоа нема да биде доволно за да се реализира зделката.
Маркус Рашфорд е една од опциите на Барселона за засилување на нападот, но зделката воопшто не е лесна и покрај тоа што „каталонците“ овој месец се вратија во правилото 1:1.
Како што пренесува Мундо Депортиво, самиот Маркус Рашфорд е подготвен да се откаже од милиони за да го облече дресот на Барса, но како што стојат работите сега, и ова не е доволно за да се реализира зделката.
Клубот од Камп Ноу прво треба да се ослободи од некој играч за да направи место во буџетот, а во моментов никој не е на излезна врата.
Па доколку ништо не се случи на ова поле, за Маркус Рашфорд да пристигне, не само што играчот ќе треба да се откаже од дел од примањата, Манчестер јунајтед ќе треба да се сложи да покрива половина од платата.