Рамос стави крај на репрезентативната кариера, не по своја желба!

by
2 минути читање

Рамос сакаше да продолжи да игра за шпанската репрезентација, но по разговорот со селекторот донел одлука да стави крај на кариерата во селекцијата на Шпанија.

Тој со соопштение во кое се чувствува голема тага ја образложи одлуката.

„Дојде времето. Време е да се збогувам со репрезентацијата на Шпанија. Утрово ми се јави актуелниот селектор кој ме извести дека не сум и нема да бидам дел од неговите планови без разлика како ќе играм или што ќе правам во мојата кариера“, објаснува Рамос.

„Со тешко срце, тоа е крајот на патот кој се надевав дека ќе трае уште и ќе заврши со подобар вкус во устата, на ниво на целиот успех кој го постигнавме со Ла Риоха. Искрено верувам дека ова патување заслужи да заврши по мој избор или бидејќи моите перформанси не се на ниво вредно за националниот тим. А не поради годините или некоја друга причина, иако не ги слушнав овие работи директно, ги почувствував“.

„Затоа што возраста само по себе не е предност или недостаток, тоа е само бројка што секогаш не е поврзана со перформансите или способностите. Им се восхитувам на играчи како Модриќ, Меси и Пепе. Тие се суштината на традицијата, вредностите, меритократијата и правдата во фудбалот. За жал нема да биде така за мене бидејќи фудбалот не е секогаш фер и фудбалот никогаш не е само фудбал“.

„Ова е нешто што морам да го прифатам, иако ова со вас го споделувам со тага, но и со крената глава и благодарен сум на вашата поддршка во сите овие години. Си одам со незаборавни спомени, сите титули за кои се боревме и ги прославивме заедно и чувствувам огромна гордост како шпански репрезентативец со најмногу настапи на сите времиња. Оваа значка, овој дрес и овие навивачи, сите вие ме направивте среќен“.

„Ќе продолжам да ја поддржувам мојата земја и играчите со страста на некој кој имал доволно среќа да ја претставува гордо 180 пати“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×