64
Фудбалерот од
средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ вели дека го потсетил претседателот на
тимот од Камп Ноу, Жозеп Бартомеу дека посакува да потпише нов договор со
клубот, а воедно и да ја потврди верноста со истиот.
Хрватот веќе
извесен период е во преговори со Барселона за да стави потпис на нов договор,
актуелниот му истекува во 2021. година, а тој потврди дека преговорите се уште
се во тек, но, и уште еднаш ја потврди својата цел.
„Секогаш велев
дека сакам да останам тука, и постојано ќе го повторувам тоа“ издвои Хрватот.
„Мојата желба е
да останам тука подолго од предвиденото, среќен сум тука, го потсетив
претседателот за да видам до каде работата“ посочи Ракитиќ.