Ракитиќ: Ме боли тоа што често давам голови против Севиља

by
1 минути читање

Ракитиќ не дава многу голови, а кога тоа ќе се случи обично противникот е Севиља, синоќа по трет пат им даде гол.

„Малку ме боли тоа што речиси само на Севиља им давам голови, но тоа е. Многу го почитувам поранешниот клуб, но сакам да им помогнам на своите соиграчи“, изјави Ракитиќ по мечот.

Често Ракитиќ се поврзува со заминување од Барселона. Штом се појави информација дека Челси е заинтересиран за него, претседателот Јосеп Мариа Бартомеу изјави дека ќе има состанок со Хрватот и ќе разговараат за нов договор со подобри услови.

„Веќе имав разговор со претседателот. Откако дојдов во Барса не знам веќе колку пати си одам и се враќам. Среќен сум тука и чувствувам добро, а се надевам дека претседателот, моите соиграчи и тренерите се задоволни од мене“, вели Ракитиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани